Европската комисија внимателно ги следи протестите во Бугарија и ја повика полицијата да го почитува принципот на пропорционална употреба на сила.
„Европската комисија внимателно ги следи протестите во Бугарија, ние го поддржуваме правото на мирен протест како основно право. И иако прашањето за спроведување на законот е целосно прашање на национална надлежност, ние потсетуваме дека секоја употреба на сила мора да биде строго пропорционална “, рече Кристијан Виганд, портпарол на Европската комисија за правда.
Тој истакна дека комисијата е во постојан контакт со бугарските власти и пораката е доставена.
Вчера беше 56-от ден од протестите низ целата земја. Граѓаните се залагаат за оставка на премиерот Бојко Борисов, главниот обвинител Иван Гешев и одржување на фер парламентарни избори. БГНЕС






