Македонија е „умерено“ подготвена за членство во Европската Унија во однос на легислативата и нејзиното спроведување во пракса во согласност со стандардите на ЕУ е генералната оценка што на прв поглед може да се извлече од нацрт-извештајот од скринингот за Кластер 1 „Фундаментални вредности“, на Европската комисија, објави 360 степени.
Во нацрт-извештајот е мислењето на ЕК дека т.н. „Балансер“, алатката за човечки ресурси, кој го одредува процентот на застапеност на вработени во јавниот сектор од секоја етничка група, веќе не ги исполнува целите.
Причината што се наведува е дека формулата не ги одразува пописните податоци за населението кое живее во земјата, пренесува порталот.
„Паралелните процедури за вработување поставени за да се зголеми вработеноста на малцинставата во јавниот сектор може да ги поткопа, во нивната примена, принципите на заслуги, ефективност и правична застапеност и да влијаат на независноста на институциите при изборот на вработените според потребите, следејќи ги потребите за правична застапеност“, сметаат од Европската комисија.





