Египет предложи да се создадат кампови за бегалците од Појасот Газа кои ќе бидат лоцирани во зоната – веднаш до градот Рафах.
Камповите ќе се наоѓаат на 3 километри од границата со Египет, а нивните активности ќе бидат контролирани од Каиро.
Египетските власти категорично одбиваат да примат бегалци од Газа на нивна територија на Синајскиот Полуостров. Сепак, тие прават се за да донесат хуманитарна помош за сиромашните раселени луѓе кои бегаат од северниот дел на појасот.
Истовремено, изворите нагласуваат дека бегалците во тешка состојба ќе бидат евакуирани во египетските болници за да им се пружи квалитетна медицинска нега. Засега нема официјални коментари од Каиро за ова.
Газа беше управувана од Арапската Република Египет до Шестдневната војна во 1967 година.
Од 1994 година, таа е дел од палестинските власти, а од 2007 година е целосно под контрола на Хамас.







