Референдумот за промена на името на Македонија днеска е доминантна тема во грчкиот печат.
Efsyn пишува дека владата на премиерот Зоран Заев го „доби резултатот“, но „не го освои облогот“, откако само 37 % од граѓаните со право на глас учествуваа на референдумот.
Иако повеќе од 90% поддржаа договорот со Грција, одѕивот е доста далеку од потребниот.
„Iefimirida“ пишува дека „тешки облаци надвиснаа над Македонија”.
Во анализа за грчкиот Capital се вели дека владата „без сомнение е губитник на референдумот“, иако мнозинството гласаше за поддршка на договорот, бидејќи и покрај „јасната поддршка од меѓународните играчи“, учеството на изборите е помалку дури и од „”најпесимистичката“ прогноза.
„Иако учеството беше слабо, борбата продолжува“”, објави News24.
Greek Reporter пишува дека референдумот ја покажа поделбата во грчката влада, откако премиерот Алексис Ципрас го поздрави Заев за успехот, а министерот за одбрана Панос Каменос напиша дека референдумот не успеал.
Инаку, Ципрас и Заев имале телефонски разговор по референдумот во кој грчлкиот премиер го пофалил македонскиот колега за неговата „решителност и храброст да продолжи со спроведувањето“ на договореното.




