Европската слободна алијанса (ЕФА), коалиција на регионални политички партии од стариот континент застапени и во Европскиот парламент, застана во одбрана на правата на македонското малцинство во Бугарија.
„ЕФА повикува за признавање на правата на македонското малцинство во Бугарија и на правата на нејзините граѓани за самоопределување. Ние ја поддржуваме членката на нашата партија ОМО ‘Илинден’ – ПИРИН и нејзините барања за запирање на владините антимакедонски политики“, соопшти политичката групација со девет европратеници.






