Едно лице во критична состојба, друго е тешко рането во пукањето во Ист Гејт

Едно лице во критична состојба, друго е тешко рането во пукањето во Ист Гејт кое се случило денеска попладне пред многу посетители кои панично почнале да бегаат од трговскиот центар кога го слушнале пукањето но за среќа никој од нив не е повреден.



Според полициски извори засега непознати лица се сторители на нападот во кој е користено огнено оружје. Пукано во две лица кои се движеле заедно.

Двајцата во кои е пукано се ранети, еден е во критична состојба а друг е ранет во стомакот.

Неофицијално се работи за лицето Раде Трајковски Штекли и негов пријател.

Трајковски пред околу два месеци беше нападнат на истото место на ист начин но полицијата не успеа да го фати напаѓачите.

Хаос во Ист Гејт, пукано во две лица во најголемиот метеж