Утринава околу 4 и 20 била опожарена куќа во село Отошница при што загинало едно лице .
Според податоците на подрачната полиција на Куманово, пожарникарите на Територијалната противпожарна единица Ранковце околу 04:20 часот интервенирале во опожарена куќа во село Отошница.
„За да се овозможи побезбедна интервенција, околу 04:45 часот и од „ЕВН“ било побарано да ја исклучи струјата во тој реон. За инцидентот, покрај Итна медицинска помош, известени се и МВР и противпожарната единициа Куманово“, се појаснува во соопштението.
Пожарникарите од Куманово од 04:25 до 05:45 часот со седум пожарникари и едно возило интервенирале и во опожарена куќа на улица „716“ број 9 во населба „Баново Трло“.
Според ЦУК, за 24 часа имало вкупно 1.891 јавувања на итниот број.






