„Едно име имаме, во душата го носиме, за тебе живот даваме, о Македонијо“.



Рефренот од хитот на Јонче Христовски ечеше од теренот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од грлата на македонските фудбалери по победата над Косово од 2:1, која ги доведе на чекор до историски пласман на Европско првенство.

„Црвено-жолтите“ на 12 ноември ќе играат во финалето од дивизијата Д од првото издание на Лигата на нациите, кога ќе ѝ гостуваат на Грузија, а победникот ќе дебитира на ЕП 2021.