„Едно име имаме” под Знамето на Кутлеш на врвот Ајланд Пик на Хималаите. Струмичанецот Благој Ѓузелов со дессетчлената експедиција , го заврши својот подвиг објави Струмица Денес. Подвигот започна на 12 октомври од плоштадот во Струмица.
Врвот Ајланд Пик инаку е рангиран со техничка тежина на искачување Алпине ПД+.
Ѓузелов е третиот струмичанец кој се обидува да искачи еден од врвовите на Хималаите, по Серафим Серафимовски во далечната 1989 година и во 2009 година и неговата ќерка Билјана Серафимовска, која на 18-годишна возраст е најмладата од Европа што го освоиле врвот Ајланд Пик.
Тој е искусен планинар, ги освоил сите врвови на планините во Македонија, бил дел од алпинистички експедиции во Франција, Италија, Турција, Иран.

https://fb.watch/n_w1jxJxBv/?mibextid=SphRi8





