Во престрелка што вчера се случи во чајџилница на улицата „Браќа Реџепагиќ“ во скопската населба Чаир, убиен е Јонуз Идризи.
Застрелани тројца во Чаир – едниот загина
Според првичните неофицијални информации братот на убиениот Јонуз е брат на Камбер Идризи кој бил убиен за Рамазан минатата година, пишува МКД.Мк
Вооружениот судир се случи лани на 12 мај во Бутел, каде на лице место беше убиен 43-годишниот Камбер Идризи, додека неговиот внук Ергин Исени, беше тешко повреден и почина во болница.
Повеќе од 80 куршуми беа испукани кон возилото во кое биле Идризи и Исени, а Камбер Идризи почина пред да стигне во болница.







