Зоран Заев го допре дното откако поради моите издржани критики се одлучи да ми се заканува, објави лидерот на Народната партија на Ромите Геге Демировски.
“Поради заканите од премиерот сум загрижен за мојата и безбедносната на моето семејство.
Еднаш пробаа да ме убијат, не успеаа. Нема да запрам бидејќи борбата за нашата Македонија и за браќата Роми е поголема од секој еден поединец.
Казната за то што им правиш на Ромите и на сите граѓани кои живеат во Македонија ќе те стигне на следните избори кога РОМИТЕ ќе те вратат назад во Муртино”, пишува Демировски кој ја објавува и пораката која ја добил од премиерот Заев.
Демировски пораката од Заев ја добил по неговата реакција за крвничкото претепување на Ром во Струмица пред неколку дена.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=1366703083698346&id=100010760012229





