Една земја економски „процвета“ откако прими 100.000 руски бегалци

Малата земја на југот на Русија доживува неочекуван економски бум.



Имено, според странските медиуми, Грузија е на пат да стане една од најбрзо растечките економии во светот оваа година по драматичниот прилив на повеќе од 100.000 Руси кои побегнаа таму по инвазијата на Москва на Украина и стравот од мобилизација.

Русите бегаат: Колона од 2.000 автомобили за влез во Грузија

Додека голем дел од светот се движи во рецесија, земјата со 3,7 милиони жители коија излегува на Црното Море се очекува да забележи раст на економското производство за 10% во 2022 година поради огромниот пораст на потрошувачката, оценуваат меѓународните институции.

Скромната економија од 19 милијарди долари, позната во регионот по планините, шумите и винските долини, според брзината развој ќе ги надмине и земјите извознички на нафта како Кувајт, на пример, пишува SkyNews.