Член на една партија и член избирачки одбор грубо ги прекршиле Изборниот законик и предупредувањата на МВР според кои забрането е фотографирање на гласачи за време на гласањето.
Членови на партијата со цел да агитираат за поголема излезност кај гласачите сликале група гласачи на гласачките места и нивните фотографии ги објавиле на социјалните мрежи.
Според позициите од каде се фотографирани гласачите се работи за еден набљудувач и еден член на избирачки одбор кои што јавно објавиле дека го прекршиле законот за што следуваат строги казни.
По консултација со правници expres.mk ќе одлучи дали да ги објави фотографиите и доказите за кршење на законот.





