Една од „трите ангели“ јавно призна разочараност што не е унапредена

Јавната обвинителка Ленче Ристовска е јавно разочарана од одлуката на Советот на обвинители кој не ја унапреди во рамки на промените во обвинителскиот систем.



Таа не знае зошто, и покрај демонстрираниот професионализам и интегритет, работата на случаи како „Таргет-Тврдина“, „Талир 1“ и „Талир 2“ и, паралелно, со тоа работа во „Еуроџаст“, за која била пофалена од самата институција, не заслужува унапредување.

Oбвинителката Ленче Ристоска во изјава за „360 Степени“ не го криеше своето разочарување од одлуката на Советот на јавни обвинители. Посакува барем да имало образложение зошто членовите на Советот гласале така како што гласале.

“Јас сум разочарана од одлуката на Советот. Навистина не знам зошто, и покрај демонстрираниот професионализам и интегритет, работата на случаи како „Таргет-Тврдина“, „Талир 1“ и „Талир 2“ и, паралелно, со тоа работа во „Еуроџаст“, за која сум пофалена од самата институција, јас не заслужувам унапредување”, вели Ристовска.

Ристоска додава дека ќе било убаво да се чујат и причините и размислувањата на членовите на Советот, а не само нивната конечна одлука.

Обвинителите од поранешното СЈО, Лиле Стефанова, Артан Ајро и Трајче Пеливанов, како и обвинителките Катерина Коларевиќ и Наташа поп Трајкова, ќе бидат обвинители во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Извор