Компанијата ИГМ Еленица од Струмица е на списокот приматели на државна финансиска помош за исплата на плати за време на кризата предизвикана од корона вирусот, објави порталот фактор.мк.
Со акционерско друштво за индустрија за градежни материјали управува братучедот на Зоран Заев, Трајче Заев, додека Вице Заев, братот на актуелниот претседател на владеачкиот СДСМ, е Член на Управниот одбор, пишува порталот.
„Отворени финансии“ покажа дека на 14 мај на сметката на ИГМ Еленица од Владата на РСМ и биле исплатени 841.000 денари државна помош за плати за месец април. Пресметано, тоа се минимални плати од 14.500 денари за 58 вработени.
Повеќе на овој ЛИНК





