Веќе седми ден нема ни трага ни глас од 29-годишниот Марко Давчев од Струмица.
На ФБ страницата „Струмица денес“ се споделува апелот од неговото семејство доколку некој има било каква информација да пријави во полиција.
Неговото изчезнување во полиција било пријавено на 9 декември годинава.
На 09.12.2023 година во Полициската станица Струмица Т.Д.(64) од Струмица пријави дека од нивниот дом се оддалечил неговиот син М.Д. (29), кој бил со нарушено здравје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, стои во билтенот на МВР.






