Секоја година, Светската здравствена организација (СЗО) го одбележува 10 октомври како Светски ден на менталното здравје со цел да ја подигне свесноста за проблемите со менталното здравје низ целиот свет.



Менталното здравје е една од најзапоставените области на јавното здравје.

Според студиите, скоро 1 милијарда луѓе живеат со ментално растројство, 3 милиони луѓе умираат секоја година од штетната употреба на алкохол и на секои 40 секунди некој извршува самоубиство.

Ограничениот пристап до квалитетна, достапна грижа за ментално здравје во светот пред пандемијата, а особено во хуманитарни итни случаи и конфликтни услови, дополнително е намален поради Ковид-19, бидејќи пандемијата ги наруши здравствените услуги ширум светот.

Секоја година, денот се одбележува со одредена тема, а оваа година темата на Светскиот ден на менталното здравје 2021 година е „Ментално здравје во нееднаков свет“ во кој јазот меѓу тие што имаат и тие што немаат постојано се зголемува.

„Светскиот ден на менталното здравје е можност светот да започне да го поправа историското занемарување на менталното здравје“, порача д-р Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација.