Една изјава од ДУИ и Ковачевски поплука се што кажа СДСМ досега – пишува Горан Момироски

Каква ли магија му фрлаат од Мала Речица на премиерот Ковачевски што тој по само една реченица од таму ,,се помочува” на десетици свои изјави и станува ,,Пишман аџија”.



Една изјава од ДУИ и Ковачевски го промени ставот односно народно кажано поплука се што тој и СДСМ зборуваа цела година за организирање посебни парламентарни и претседателски избори.

Со својата нова позиција Ковачевски ги понижи и неговите партиски портпароли и неговите партиски колеги кои упорно веќе една година тврдат дека изборите ќе бидат посебни, прво претседателски а потоа и парламентарни.

Ковачевски одамна знае врз основа на анкетите што ги прави и самиот дека на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не му е важно дали изборите ќе бидат во ист термин затоа што извесно е дека власта не може да победи во никој случај.

Затоа е чудно зошто толку многу инсистираше на посебни избори се додека Османи со една изјава не го урна неговиот ,,цврст став” и премиерот стана ,,Пишман аџија”.

Да потсетиме дека на почетокот на годинава премиерот дури даде изјава дека не го менувал својот став секој ден а зборуваше за истата тема.

Како што нотира Богдан Илиевски во своето видео во Мај 2023, Ковачевски за Канал 5 вели: „Прво ќе има претседателски, после парламентарни избори“

Откако на 15 Ноември 2023, портпаролот на ДУИ Бујар Османи изјави дека „Преовладува мислењето дека треба да имаме избори во ист ден“, Ковачевски го смени ставот што тој и неговата партија го кажуваат речиси една година.

Сега Ковачевски со нов став: „Избори одвоени или заеднички, тоа ќе биде одлучено, нормално, помеѓу сите политички партии“.

А пред само три дена партискиот портпарол на СДСМ Каевски рече дека нема отстапување од планот за посебни избори но неговата изјава падна во вода со изјавата на Османи.

Пред 8 месеци Ковачевски рече дека не го менувал својот став секој ден.

„Како што кажав, јас моите ставови не ги менувам секој ден, изборите ќе бидат во нивниот редовен термин, прво претседателски избори, на коишто ќе победи кандидатот предложен од коалицијата предводена од СДСМ, а потоа и парламентарни избори, на коишто повторно оваа коалиција, ќе формира проевропска влада во Македонија“, рече тогаш Ковачевски но деновиве за една изјава на Османи не трепна и веднаш остави простор за претседателски и парламентарни избори заедно.

Видеото на Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит