14 луѓе сместени во модуларната болница во Тетово ги изгубија животите на денешен ден пред точно една година во катастрофалниот поќар кој за неколку минути до темел го уништи објектот.



12 пациенти го преживеаа пожарот и беа хоспитализирани уште неколку денови во други објекти на болницата. Советот на Општина Тетово на вонредна седница прогласи три дена жалост во градот, од 9 до 11 септември.

Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

Истрагата, прибирањето на докази и поднесувањето на обвинителен предлог до Основен суд Тетово траеја до 27 јули 2022 година. Обвинителството поднесе кривични пријави за двајцата директори на болницата, еден доктор и ЈЗУ Клиничка болница како правно лице.

Судењето почна пред два дена,но е одложено за 14 октомври.