Искусен дипломат веднаш ќе ви каже дека нешто на фотографијата не е во ред кога една од прикажаните страни е насмеана а другата не покажува никаква емоција или навестува загриженост.
Освен ако не се работи за неразбирање на јазикот на кој говори соговорникот српската премиерка Ана Брнабиќ вопшто не се согласува со тоа што го кажува соговорникот Заев на средбата што ја имале за време на Охрид дијалог форумот.
Она што е уште поинтересно целосно спротивно доживување на ситуацијата има и кај соработниците на Заев и Брнабиќ.
Додека советникот за надворешна политика на Заев, Едмонд Адеми е насмеан како неговиот шеф, кај советникот на Брнабиќ исто така нема никаква емоција ниту разбирање за шегата или темата која ја искажува Заев.
Во српскиот тим ја нема ниту куртоазната насмевка која вообичаено се користи на вакви формални состаноци.
Од максилофацијалните експресии на Брнабиќ може да се прочита збунетост и недоразбирање со Заев за суштината на тоа што го говори македонскиот премиер.
На Брнабиќ и е далеку од смешно или забавно тоа што во моментите пред да биде направена оваа фотографија го кажал Заев.
Според официјалните објаснувања средбата меѓу Заев и Брнабиќ била пријателска и срдечна.






