Малата островска држава во Тихиот Океа, Науру ќе ги прекине дипломатските односи со Тајван и ќе ја признае Кина.



Така Науру стана првиот дипломатски сојузник на Тајван кој застана на страната на Пекинг по претседателските избори одржани овој викенд.

Владата на Науру соопшти дека е „во најдобар интерес“ на земјата и нејзиниот народ да бара целосно обновување на дипломатските односи со Кина, пишува Гардијан.

„Ова значи дека Република Науру повеќе нема да го признава Тајван како посебна земја, туку како неотуѓив дел од кинеската територија и од овој ден ќе ги прекине „дипломатските односи“ со Тајван и повеќе нема да развива никакви официјални односи или официјални размена со Тајван“, се вели во соопштението.

Потегот на Науру го остава Тајван со само 12 формални дипломатски сојузници, вклучувајќи ги Гватемала, Парагвај, Есватини, Палау и Маршалските Острови. Кина тврди дека Тајван е нејзина територија без право на меѓудржавни врски, позиција што Тајван силно ја оспорува.