Ова го соопшти рускиот претседател Владимир Путин на средбата со турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган во Самарканд, пренесува Спутник.
„Подготвени сме значително да ги зголемиме нашите испораки до Турција во сите правци. И, како што знаете, нашиот договор за снабдување на Турција со природен гас со плаќање на 25 отсто од овие испораки во руски рубли треба да стапи на сила во блиска иднина. Прашањата, колку што разбрав, се договорени“, рече Путин.
„Турција стана една од најсигурните патишта за снабдување на нашите енергетски производи, вклучително и гас, не само за нашите потреби, туку и за земјите од ЕУ. Испораките во Европа преку ‘Турски’ тек се одвиваат без никакви прекини“.
Путин му се заблагодари на Ердоган за придонесот во реализацијата на постигнатите договори за извоз на жито од украинските пристаништа. Руските економски оператори добија сигнал дека можат да извезуваат производи преку турска територија.
„Турција е доверлив партнер во овој поглед и може да обезбеди сигурни испораки преку нејзината територија до сите земји во светот, вклучително и земјите од Азија, Латинска Америка, Африка, бидејќи ние главно продаваме таму“, рече Путин.






