Едмонд Темелко изгуби на изборите во Пустец 


Досегашниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) кој во три мандати беше на оваа функција, изгуби на вчерашните локалните избори.



За нов градоначалник на Пустец е избран Пали Колефски од Алијансата за европска Албанија, предводена од владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама.

Според првичните резултати, Колефски освоил 1.505 гласови, а Темелко 859, дознава Макфакс.

Во Пустец, општина со доминантно македонско население во Албанија, вчера имаше најголема излезност на со 55,44 отсто, споредено со 21% излезност на ниво на целата земја.

Во Пустец гласале 7.724 гласачи.