Портретот на најпознатиот англиски писател Вилијам Шекспир е продаден за повеќе од 10 милиони фунти.
Делото, кое датира од 1608 година, чиј автор е дворскиот сликар на кралот Џејмс I,моментално е изложена во Лондон.
Сопственикот на портретот сака да остане анонимен.
Препродавачите на ова уметничко дело тврдат дека Шекспир и уметникот имале „многу“ заедничко и дека уметникот создал портрети на високи членови на дворското и јакобинското општество.
Меѓу другото, велат дека сликарот работел во Клеркенвел во Лондон, во просторот каде што се пробувале дел од драми на Шекспир.
Данкан Филипс, експерт за уметност кој го проучувал делото пред продажбата, вели дека има повеќе докази за портретот отколку за која било позната слика на познатиот драматург.
„Делото носи монограм и датум, а авторот на портретот е уметник со сериозен статус кој се поврзувал со друг уметник кој ја создал сликата за збирката Прво фолио на драми на Шекспир.
„Благодарение на семејството кое го обожаваше Шекспир, кое го поседуваше портретот, сликата стара речиси 400 години не претрпе речиси никаква штета“, вели Филипс.
Мишел Добсон, историчар кој го проучува ликот и делата на Шекспир, изјави за Дејли Меил дека, сепак, идејата дека тоа е верен портрет на Шекспир е само „надежна“.
Ова не е првиот портрет за кој се тврди дека бил создаден за време на животот на Шекспир.
На пример, во 2015 година, ботаничарот и историчар Марк Грифитс рече дека пронашол слика за која верувал дека е единствениот автентичен портрет на писателот создаден за време на неговиот живот.
Тој тврдеше дека гравурата на корицата на 400-годишната книга „The Herball Or Generall Historie of Plantes“ содржи четири препознатливи фигури, меѓу кои и Шекспир, кој во тоа време имал 33 години.







