Единствениот македонски спикер кој говорел во бугарското собрание: Добрите односи можат да се вратат со взаемно почитување

Единствениот македонски спикер на парламентот Трајко Вељаноски кој говорел во бугарското собрание вели дека не секогаш односите меѓу двата народи биле лоши како сега.



Тој е оптимист дека можат да се вратат деновите кога односите биле коректни но дека времето на добрите односи можат да се врати само со взаемно почитување меѓу двата народи и од корист за двете држави.

Вељановски потсетува на не така дамнешни времиња кога тој бил во Софија а во Скопје без тензии бил дочекан спикерот на бугарскиот парламент.

,,Во контекст на актуелните македонско-бугарски односи ценам дека треба да се напомене дека во март 2009та, прв и единствен пат од АСНОМ-ска Македонија до денес, Претседател на Македонското Собрание се обратил во Народното Собрание на Бугарија.

Во таа прилика од бугарските пратеници побарав да го искористиме моментот, оти од историја не се живее. Претходно и претседателот на Народното собрание на Бугарија, Ѓорѓи Пирински во говорот во Македонското Собрание март 2008та порача дека треба да се прекине со стереотипите од минатото. Ова беше период на многу добри билатерални односи. Во таа смисла, за се има ден па и за повторно воспоставување на добрите македонско-бугарски односи засновани на меѓусебното взаемно почитување, а во корист на двете држави и двата народи”, потстетува Вељановски.