Екс-премиерот на Грција Алексис Ципрас се повлече од лидерската функција во опозициската партија СИРИЗА откако претрпе тежок пораз на изборите во неделата освојувајќи само 18% гласови, дури 23% помалку од Нова демократија, која обезбеди доволно пратеници за да владее сама.



Ципрас (48) беше премиер на Грција од 2015 до 2019, во периодот кога беше потпишан Преспанскиот договор, со кој Македонија го смени името.

Тој беше единствениот грчкиот премиер кој остварил официјална посета на Македонија, и единствениот грчки премиер на функција кој дал интервју за македонски медиум…