Единаесет починати, меѓу кои и 41-годишен, и сто нови случаи на Ковид-19

Уште 11 починати од Ковид-19, меѓу кои најмладиот е 41-годишен пациент од Кочани, во последното деноноќие во Македонија.



Три од смртните случаи се од Скопје на возраст од 67, 72 и 67 години,
двајца од Делчево (80 и 60) и по еден од Тетово (68), од Гостивар (78), од Крива Паланка (84), од Демир Хисар (72) и од Македонски Брод (78). Од нив еден пациент е починат вон, а останатите во болнички услови.

Од 764 тестирања, регистрирани се 100 нови случаи.

Од почетокот на епидемијата во Македонија бројот на заболени достигна 85.594, а на починати 2.592. Активни случаи во моментов се 16.242.