Од 678 направени тестови во последното деноноќие во Македонија регистрирани се 61 нов случај на Ковид-19 или вкупно 92.753 од почетокот на епидемијата, а во исто време бројот на починати се зголеми за 11 и достигна 2.866.
Повеќе од половина од смртните случаи се од Скопје, каде што во последните 24 часа од коронавирус починаа шест лица на возраст од 83, 83, 82, 81, 73 и 67 години. Двајца од починатите се од Гостивар (60 и 61 година), а по еден од Охрид (83), од Струмица (75) и од Тетово (77).





