Албанскиот премиер денеска ќе ја предводи делегацијата на владата на Албанија на заедничка меѓувладина седница со македонската влада во Скопје.
Предвидено е, министри од двете земји ќе потпишат договори и меморандуми за продлабочување на соработката.
„Односите меѓу Северна Македонија и Албанија се на исклучително високо ниво, исто како што се на исклучително високо ниво и со другите соседни држави“, изјави вчера премиерот Ковачевски.
Не е познато каква е агендата за седница и посетата на делегацијата од Албанија, но, според премиерот, по средбата веројатно ќе следува и прес-конференција со премиерот на Албанија Еди Рама.
Поради посетата на албанската делегација, во Скопје денеска ќе има посебен режим на сообраќај по сообраќајниците во поширокото централно подрачје.






