Бугарскиот технички премиер, Стефан Јанев, денеска ќе има средба со албанскиот колега Еди Рама кој е во дводневна посета на Софија.
Премиерите ќе остварат средба во четири очи, по што ќе има и средба на двете делегаци, јавува БГНЕС.
Во фокусот на средбата меѓу двајцата премиери ќе биде интензивирање на билатералниот политички дијалог, како и можностите за унапредување на трговско-економските односи.
За време на состанокот ќе се дискутира за прашањето за европската интеграција на Република Албанија.







