Албанскиот премиер Еди Рама, во интервју за шпански „Ел Паис“, рече дека „повеќе не очекуваме ништо од Европската унија“.



„Научивме на потешкиот начин да не очекуваме ништо бидејќи видовме дека Европа не е во многу добар момент, има многу внатрешни проблеми и проширувањето не се очекува со ентузијазам“, рече Рама ден пред Самитот во Брдо кај Крањ, во Словенија