Еди Рама советува: Прифатете го предлогот, оти друг нема да има!


Еди Рама, Премиерот на Албанија ги повика властите во Скопје да го прифатат францускиот предлог за почеток на преговорите на Република Македонија за членство во Европската унија зашто во спротивно ризикуваат македонија да остане на вратата на ЕУ уште 17 години.



„Ви велам: Прифатете, бидејќи нема да има друга понуда. Ова е последно. Не мора да стоите пред вратата на ЕУ уште 17 години. Вратите мора да се отворат и на овој начин ќе може да се разговара за сите прашања преку дијалог меѓу Бугарија и Северна Македонија. Отвори ја оваа врата. Отворете го сега“, изјави Рама во интервју за телевизијата „Канал 5“.

Според него сега е време да се направи избор и би било голема грешка да не се прифати предлогот, бидејќи во спротивно државата ќе остане во втор план и никој нема да сака да ѝ се наврати.

Рама смета дека оваа понуда е конечна.

„Мора да разберете дека е конечна, а јас силно верувам дека е вистинското време и апсолутно е правилно да ја прифатите и да ја отворите таа врата“.

Албанскиот премиер потврди дека Албанија ќе инсистира на одвојување одМакедонија на патот кон ЕУ доколку Скопје го отфрли францускиот предлог.