Албанскиот премиер Еди Рама ги повика Албанците кои живеат во Македонија да го поддржат референдумот со што, како што рече, ќе се отвори патот за членство на земјата во НАТО и во Европската унија.
„Недела е ден кога секој Албанец треба да гласа за европска Македонија, Македонија на една идна генерација на Македонци и Албанци како два народи, кои ја основаа оваа земја и претставуваат различни страни од иста монета”, повикал Еди Рама на прес-конференцијата по состанокот на владата синоќa, пренесува „Top Chanel“.
Албанскиот премиер предупреди дека оние кои нема да го поддржат договорот, ќе ја предадат својата татковина.
Тој и денес преку ФБ, го повтори апелот






