Премиерот на Албанија, Еди Рама, вели дека нацртот го создал за доброто на регионот и упати остра порака до противниците на неговиот предлог за Заедницата на српските општини, пренесе Б92.
Синоќа претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека многу го почитува премиерот на Албанија, Еди Рама, но додаде дека не е овластен да го изготвува статутот на Заедницата на српските општини (ЗСО), кој го претстави пред високите европски претставници.
„Колку што знам, Еди Рама не е член на српскиот управувачки тим. Ниту (косовскиот премиер Албин) Курти, кој очигледно би сакал да стане дел од тој тим, бидејќи и тој има нешто напишано, но нема право да го пишува“, изјавил Вучиќ за ТВ Хепи.
Но, Еди рама вели дека му е мило што неговите напори да се даде конкретен придонес во дијалогот и предлогот за ЗСО бил добро прифатен од сојузници.
Тој упати порака на до оние во Приштина и во Белград, кои се спротивставија без да ја знаат содржината:
Прво, тие што зборуваат вака сè уште живеат во комунизам, кога политиката беше за тоа кој нешто кажал, а не што кажал“, рече Рама, а пренесува „Косово онлајн“ повикувајќи се на албанскиот портал „Репортери“.
Второ, како што истакна Рама, тие се навистина тие кои сами одлучуваат, но овој регион не е само нивен, туку и наш.
„Значи, ако сè уште мислат да играат војна, четврт век по војната, трпението на нашите сојузници е при крај, бидејќи бараат мир“, рече Рама.
За односот со премиерот Албин Курти, Рама рече дека имаат иста цел, но одат по различни патишта.
„Мојата цел и целта на премиерот на Косово се исти, но постигнувањето на таа цел не го гледаме на ист начин, особено во последно време. За мене судирот со нашите сојузници е само каприц со несогледливи последици “, рече Рама.






