Судијата му одреди едномесечен истражен затвор на војникот кој вечерта пред божик претепал млад човек облечен како Дедо Мраз.
Мерката е изречена со цел да се спречи опасност од повторување на делото.
„Тој е осомничен за кривично дело нанесување тешка телесна повреда за што е пропишана казна од шест месеци до пет години.
Овој предмет е во надлежност на Општинскиот суд во Славонски Брод“, изјави портпаролот на Жупанискиот суд.
Од Министерството за одбрана потврдија дека нивен припадник бил еден од учесниците во тепачката во Славонски Брод, во која беше претепан млад човек облечен како Дедо Мраз.
Полицијата вчера соопшти, во врска со тепачката во саботата во Славонски Брод, дека се уапсени лица на возраст од 20, 23, 20 и 22 години.






