Порталот Pari.com.mk, во соработка со БизнисМрежа.мк анализира какви се приходите на компаниите инволвирани во трговијата со опасниот токсичен мазут.
Според анализата некои од овие фирми добро заработуваат, а дејствуваат како човек фирма, односно имаат само еден вработен.
Регулаторната комисија за енергетика на 9 јуни информираше дека е поведена постапка за одземање на лиценците на трговците на големо РКМ ДООЕЛ Скопје, Супертрејд ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, Пертинакс ДООЕЛ Скопје и Ли Оил ДБ ДООЕЛ увоз-извоз Кавадарци. Финансиските извештаи зборуваат дека овие компании добро заработувале во 2020 година, поточна четирите заедно направиле профит од 2,6 милиони евра.
Една од инволвираните компании ЛИ ОИЛ ДБ ДООЕЛ имала само еден вработен а направила чист профит од фантастични 280 илјади евра.
Повеќе детали за кавадаречката форма на овој ЛИНК






