Еден човек загина, а четворица се повредени синоќа во центарот на Париз, кога напаѓач кој извикувал „Алах е голем“ ги нападнал со нож.
Тој бил ликвидиран од страна на локалните полицајци кои биле во близина, јави АП.
„Ги поздравувам за брзата реакција и ладнокрвноста полицајците кои го неутрализираа напаѓачот, напиша на Твитер министерот за внатрешни работи Жерар Колон, претседателот Емануел Макрон понуди сочувство до семејството на починатиот.
Агенцијата АП пренесе изјава на неименуван официјален претставник на судот дека напаѓачот, (21) бил роден во Чеченија и имал француско државјанство. Родителите на напаѓачите биле однесени во полиција, за истрага, објавија западните агенции.
Руската агенција ТАСС објави дека напаѓачот немал документи со него, но дека врз основа на отпечатокот бил утврден дека е имигрант од Чеченија.
Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот.





