Еден од троловите на СДСМ кој напаѓал новинарки бил десна рака на Петре Шилегов и внук на екс министерката Радмила Шеќеринск, открива дописничката на МИА од Брисел Тања Милевска која владата ја тргна од нејзината позиција затоа што не сакала да биде пропагандист на Ковачевски.
Шефот на кабинет на екс градоначалникот на Скопје Петре Шилегов Никола Наумов бил еден од тие кои што на социјалните мрежи ги започнал нападите врз Милевска откако таа во јули јавно се спротивстави на Францускиот предлог и влезе во судир со владата.
,,Проблемите почнаа со мене во јули, со францускиот предлог и со Бугарија. Јас тогаш си ја работев работата, ги поставував прашањата коишто треба и за кои јавноста во Македонија бара одговори. Како тоа одеднаш тој предлог не беше прифатлив, па потоа стана прифатлив…
Тие прашања ги поставував и на прес конференција каде што беше и премиерот Ковачевски. Секако дека го кажав и своето мислење. Моите новинарски текстови останаа чисто неутрални, но јас имав мислење на социјалните мрежи и надвор од нив, кое не беше тајна. А, тоа е е дека и понатаму сметам дека францускиот предлог е неприфатлив.
Од тој момент започнаа напади од страна на власта. Тоа оди преку нивните тролови на социјалните мрежи, од некои фаци од типот на Никола Наумовски, коишто добиваат задача од штаб да дискредитираат. Апсолутно истата шема како во време на ВМРО-ДПМНЕ.
Потоа полека стана се позаострено, затоа што не успеаја да ме заплашат со нивните стандардни методи. Почнаа да ме бојкотираат, со тоа што секое доаѓање во Брисел, јас не бев повикувана на настаните, никаква комуникација, на блок ме стави цела Влада. Што на МИА и одговараше, бидејќи МИА не сака да поставувам прашања”, вели Милевска во интервјуто за Фокус.
Зошто владата ја тргна дописничката од ЕУ






