По вчерашниот напад врз полицајци кои не биле на должност во населбата Шуто Оризари, еден полициски службеник се бори за живот.



Група граѓани синоќа запреле и  нападнале возило во кое биле трите полицајци, наводно откако една малолетничка им кажала дека се киднапери и дека во возилото – џип има киднапирано женско лице.

Во нападот од толпата, тројцата се здобиле со сериозни повреди.

„Примивме повреден во бесознание, му направивме интубација, снимање со КТ, има еден во мозокот и е на апарати за дишење. Штом е на апарати е во животозагрозувачка состојба“, вели др. Јасмин Циривири раководител на хирургија во ГОБ 8-ми септември.

Повредени биле уште двајца полицајци, едниот со полесни повреди бил пуштен на домашно лекување а вториот е на Клиниката за неврохирургија со потрес на мозокот и повреди на лицето, дознава Сител.