Еден од осомничените убијци на Вања се соочува со смрт во истражниот затвор

Најнова вест



Нови прашања за злосторот кои можат да откријат дали Вања можела да биде спасена (ВИДЕО)

Еден од осомничените киднапери и убијци на Вања Ѓорчевска, се соочува со смрт во истражниот затвор Шутка, тврдат членови на неговата поширока фамилија.

Тие велат нивниот роднина има само еден бубрег и дека во последниве 48 часа воопшто не мокрел.

Информациите за стравот на осомничениот убиец дека ќе умре ги дал самиот за време на средба со близок член на семејството на која не негирал дека бил дел од групата која се сомничи за убиството на малата Вања и пензионерот Панче Жежовски.

Според изворите на expres.mk осомничениот живее со еден бубрег кој му бил трансплантиран од негов близок роднина и без соодветни лекарства и лекарска грижа може да умре.

Тие се сомневаат дека во текот на испитувањето осомничениот бил физички малтретиран и се плашат дека во текот на испрашувањето му е потвреден трансплантираниот бубрег.

Изворите на expres.mk не сакаат да ја отфрлат неговата вина за убиството на Вања и бараат вистината да биде утврдена низ судските процедури но бараат истражните органи да не дозволат Видевски да умре во текот на истрагата.

Евентуалната смрт на осомничениот во истражниот затвор во Шутка може да отвори нови дилеми и теории на заговор за случајот кој досега има многу неразјаснети моменти.

ДПЛ

На барање на неговите роднини до expres.mk кои се шокирани од случајот името на осомничениот убиец е повлечено.

Поврзана содржина

Човекот кој прв апелираше да се засили истрагата со свои забелешки

Кој и каде згреши, објективна анализа на трагедијата со Вања и Панче (ВИДЕО)

Дебата за одговорноста во врска со случајот

Прашања кои ја откриваат трагичната вистина дека МВР можело да ја спаси малата Вања

Момироски без одговор од Спасовски дали имало два обиди за грабнување на Вања која можела да биде спасена (ВИДЕО)

Најчитани вести

Порано или подоцна работите излегуваат на површина

СДСМ барала ДУИ да направи мала криза, признание на Артан Груби (ВИДЕО)