Еден од тројцата нападнати при упадот во М-НАВ не бил достапен за органите на прогонот за да даде исказ од кога беше пријавен упадот во Македонската навигација, во којшто учествуваа осум лица, а приведени беа четворица.



Од МВР за „Фокус“ објаснуваат дека оштетениот со иницијали П.Б. се барал за да даде исказ, бил приведен во полициска станица и ослободен .

Најверојатно деновиве ќе треба да каже што се случило и пред јавниот обвинител што го води случајот, но засега не се соопштува зошто се обидел да излезе од државава, пишува Фокус.

Без други детали, од Обвинителството за „Фокус“ потврдија дека се работи за нападнатиот со ицијали П.Б. а за неговото апсење