Еден од кандидатите за градоначалник на Скопје вечер ќе пее на плоштад

Град Скопје денеска ја објави програмата за вечерашниот пречек на Новата година на плоштадот Македонија. За разлика од првичната најава, сега во програмата го има и Бени Шаќири кој ќе настапи од 22:30 до 23:30 часот,објави Фокус.



-Скопјани, вечерва од  20:30 часот дојдете на плоштадот „Македонија“ и се македонски изведувачи дочекајте ја Новата 2022 година на плоштадот „Македонија“. Вечерашната забава се организира со помош на три општествено одговорни компании, кои во време на голема економска и енергетска криза помогнаа скопјани да имаат можност на плоштадот да ја дочекаат Новата година, порачаа од Град Скопје.

Според Програма за дочек на Новата година ќе настапат: 2-.3021:30 – Пука Козметика, 21:30-22:30 – ДНК, 22:30-23:30 – Бени и Нон Стоп, 23:30-00:30 – Нокаут,и од 00:30-01:00 – Наум Петрески и Зуица Лазова.

Беи Шаќири беше еден од кандидатите за градоначалник на Скопје на локалните избори во ноември.