Еден месец породилно отсуство и за татковците!?

До крајот на годината во Собранието ќе се дискутира за Законот за работни односи со изменет текст со кој ќе се овозможи и таткото да отсуствува од работа и  да искористи еден месец породилно, дознава „Телма“.



Во Македонија и порано имало обиди да се изменат законите и нормите и да им се дозволи и на татковците да можат да се грижат за децата уште од нивното раѓање. Но, тоа никогаш не се остварило.

За да има кој да се грижи за детето, мајката е приморана да не оди на работа.

Моментално Законите гарантираат дека на жената и следува деветмесечно породилно отсуство.