Алијансата за Албанците (АА) денеска на партискиот конгрес ќе се избере нов претседател на партијата, по оставка на основачот на партијата и долгогодишен лидер,Зијадин Села, пред 6 месеци.
Единствен кандидат е досегашниот в.д. претседател, Арбен Таравари.
Од партијата информираат дека третиот конгрес ќе се одржи во два дела: свечен со учество на гости и отворен за медиуми и работниот дел, што ќе биде затворен и само за делегати.
Зијадин Села поднесе неотповиклива оставка на функцијата партиски лидер поради резултатите од изборите за Совет во Општина Тетово.







