ЕБОР: Пад од 5 отсто на македонскиот БДП, раст – в година

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во денеска објавената есенска макроекономска прогноза предвидува пад од пет проценти на македонската економија годинава и раст од 3% проценти следната година,



„Според нашите проекции, годинава ќе има пад на БДП од пет проценти и раст од три проценти следната година, што е слично со останатите земји од Западен Балкан, како и оние со индустриска база во Централна и Источна Еврoпа. Откако имаше раст од близу нула проценти (0,2%) во првиот квартал, БДП се намали речиси за 13% (-12,7%) во вториот квартал, што значеше дека има големи нарушувања во економијата, преку значително намалување на приватната потрошувачка, инвестиции, договорите за извоз и увоз, вели Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за Северна Македонија во интервју за МИА.

Од земјите во регионот на Западен Балкан најгoлем пад на економијата од девет проценти годинава според ЕБОР ќе имаат Албанија и Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина исто како и Северна Македонија од  –5 проценти, а Србија од –3,5 проценти.