ДЗС: Кој се откажал од македонско државјанство – не може да се попише

Државниот завод за статистика најостро ги демантира информациите што се појавија во јавноста, дека постои можност да се самопопишат и лица кои се откажале од македонското државјанство.



Имено, првиот вицепремиер Артан Груби ги повика сите оние кои имаат било каков македонски документ, без оглед што се окажале од македонско државјанство бидејќи некои држави не признаваат двојно – да се попишат.

„Прв услов е лицата што се попишале да ги има во базата на државјани на МВР. По вкрстување на базите, оние лица коишто ги нема ќе бидат отстранети, иако се обиделе да се попишат со пасивизиран матичен број“, објавија од Статистика на профилот на Фејсбук.