Адвокатот на Трамп, Руди Џулијани, го нападна мултимилијардерот Џорџ Сорос, со тврдење дека тој ги контролира главните личности во истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп и дека неговата левичарска политика го дисквалификува како Евреин.
Сорос не само што ја контролира поранешната амбасадорка на САД во Украина, Мери Јованович, изјави Џулијани , туку тој ги инсталираше „сите четири амбасадори“ вклучени во напорите за импичамент на Трамп.
Всушност, вели Џулијани, банкарот на обоените револуции „вработува и агенти на ФБИ“.
Откако репортер му реплицирал дека „звучи лудо“, така да зборува за Сорос, Џулијани се обиде да ги избегне нападите дека е антисемитист.
„Не ми кажувајте дека сум антисемитист ако му се спротивставувам“, предупреди личниот адвокат на претседателот.
„Сорос е одвај Евреин. Јас сум повеќе од Евреин отколку што е Сорос. Веројатно знам повеќе – тој не оди во црква, тој не оди во синагога. Тој не припаѓа на синагогата, тој не го поддржува Израел, тој е непријател на Израел“.





