Руди Џулијани, личен адвокат на претседателот Доналд Трамп сугерирал декаа демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден можел да гласа и 5.000 пати во Филаделфија, во држава во која поранешниот потпретседател воопшто и не е регистриран да гласа.
Додека зборуваше на прес-конференцијата за кампањата на Трамп во Филаделфија, Џулијани го критикуваше гласаањето по пошта и рече дека „ниту еден републиканец не бил во можност да ги погледне“ сите гласачки ливчиња во градот, што укажува на тоа дека „тие, што се однесува до нас, можат да бидат и од Марс’, пренесе Њусвик.
„Џо Бајден можеше да гласа 50 пати, колку што знаеме, или 5.000 пати“, рече Џулијани за време на брифингот.






