Свршеницата на Џулијан Асанж верува дека на новинарите им е забрането да присуствуваат на денешната венчавка на коосновачот на Викиликс , за тој да не биде претставен во јавноста како „човек“.
Адвокатката Стела Морис изјави дека „ќе се омажам за љубовта на мојот живот“ во затворот Белмарш, пренесува Гардијан.
Според свршеницата на Џулијан Асанж , властите ги блокирале новинарите да присуствуваат на венчавката во затворот Белмарш бидејќи не сакаат тој да се гледа како „човечко суштество“.
Ко-основачот на Викиликс минатата година доби дозвола да се ожени со Стела Морис – со која има две деца – во затворот каде што се наоѓа од 2019 година, откако САД презедоа правна постапка да го екстрадираат за да се соочи со обвинение за шпионажа.
Џулијан Асанж не доби дозвола да поднесе жалба против екстрадицијата на САД.
Во изјава за Гардијан пред нејзината венчавка денеска, Морис го опишува местото на венчавката како „најрепресивниот затвор со високо обезбедување во земјата“.







