Џозеф: Велика Србија води кон создавање Велика Албанија и обратно

„Приближувањето на премиерот на Албанија Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ не е ‘здраво’ – вели Едвард Џозеф, предавач на Универзитетот ‘Џон Хопкинс’ во Вашингтон“ – пренесува информативниот портал на албански јазик „ин7“.

„Ин7“ ги цитира зборовите на Хопкинс во овој контекст: „Поправо, треба да се има на ум дека една Велика Србија води кон создавање Велика Албанија и обратно. Ова е многу опасна динамика и таа се прекршува во Косово, на реката Ибар.“